Швајцарската амбасада донираше теренско противпожарно возило на општина Велес

од Nikola Popovski

Швајцарската амбасада во Македонија информираше дека Противпожарната единица во Велес денеска е опремена со ново специјализирано возило за зајакнување на капацитетите на Велес и другите општини од регионот, како одговор на непогоди предизвикани од пожари.

-Ова возило е финансирано во рамките на швајцарскиот проект „Зајакнување на општинските совети“ што го спроведува UNDP во тесно партнерство со општината, соопштија од амбасадата.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев изрази голема чест и задоволство за овој проект.

-Го заокруживме проектот со донација на ново теренско возило за потребите на противпожарната територијална единица која верувам дека ќе биде од голема корист особено за тесните улички низ градот, вели Колев.

Слични содржини