Шварценегер откри како изгледал моментот кога ѝ кажал на сопругата дека има вонбрачен син

од Stefanija Kuzmanovska

Во новиот документарец на Нетфликс за неговиот живот наречен „Арнолд“, Арнолд Шварценегер зборуваше за моментот кога ѝ кажал на својата поранешна сопруга Марија Шрајвер дека добил дете, синот Џозеф Баен, со нивната куќна помошничка Милдред Баен.

Тој рече дека во тоа време мислел дека Џозеф не е негов син, туку син на сопругот на Милдред, но со текот на времето станувало се поочигледно дека детето е негово.

„Тогаш само се запрашав: Како да го сокријам ова?“, се сеќава актерот.

Вистината ѝ ја признал на сопругата дури во 2011 година.

„Мислев дека срцето ми застана. И тогаш ја кажав вистината:’Да, Марија. Џозеф е мој син’. Тоа ја порази“, опиша тој.

После тоа, сопругата се оддалечила од него, а тој оваа афера ја нарече свој најголем неуспех.

„Му нанесов премногу болка на моето семејство. Сите мораа да страдаат. Марија мораше да страда, децата мораа да страдаат, Џозеф, неговата мајка, сите“, рече тој.

Додаде дека тој и неговата поранешна сопруга сепак успеале да останат во добри односи.

Слични содржини