Шварценегер ги спореди приврзаниците на Трамп со нацистите ВИДЕО

од Vladimir Zorba

Арнолд Шварценегер ги спореди приврзаниците на Доналд Трамп, кои упаднаа во Капитол пред четири дена, со нацистите.

Имено, Шварценегер ја осуди на својот Твитер профил, како што наведе, мафијата, која упадна во зградата на Капитол, претходно оваа недела, додека Конгерсот ја потврдуваше победата на Џо Бајден на изборите во Америка.

Актерот го спореди споменатиот настан со „Кристалната ноќ“, во кој нацистичкиот прогон на Евреите одеднаш стана насилен.

Во тоа време, паравоените трупи ги искршија излозите на еврејските продавници, згради и синагоги.

Арнолд Шварценегер ги опиша приврзаниците на Трамп како нацистички „Горди момчиња“, екстремно десничари, неофашисти, што Доналд Трамп не сакаше јавно да ги осуди.

„Среда беше „Кристална ноќ“, токму тука во САД“, беше воведната реченица на актерот во видеото што го сподели на Твитер.

„Прозорците на зградата во Капитол беа скршени. Но, толпата не само што го скрши стаклото, туку и идеите. Тие не само што ја срушија вратата од зградата во која е сместена американската демократија. Тие ги погазија самите принципи врз кои е основана нашата земја“, рече Шварценегер во видеото.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, исто така, изјави дека сè започнало со лаги и нетолеранција во нацистичка Германија, и додаде дека од прва рака видел како работите можат да излезат од контрола.

Слични содржини