Шварценегер прими вакцина против коронавирус: „Дојди со мене ако сакаш да живееш“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Арнолд Шварценегер (73) прими вакцина против коронавирус и по тој повод, со реплика од филмот „Терминатор“, ги повика луѓето да се вакцинираат.

Шварценегер објави видео на својот Инстаграм профил и покажа како изгледа процесот на вакцинација, а тој истакна дека никогаш не бил посреќен додека чекал на ред.

– Денес беше добар ден. Никогаш не сум бил посреќен додека чекам во ред. Доколку ги исполнувате условите, придружете ми се и пријавете се за вакцинација – напишал актерот.

– Дојди со мене ако сакаш да живееш – додаде Шварценегер, што инаку е реплика од филмот „Терминатор“.

Видеото предизвика бројни реакции, ласкави пофалби за добар пример, но и смешни коментари: „Зарем не ја скрши иглата?“, „Дали им кажа дека ќе се вратиш“, „Ти си терминатор, не ти е гајле“.

Слични содржини