Шварценегер се пошегува на сметка на неговиот славен зет

од Stefanija Kuzmanovska

Славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија ја дочека 2020 година во свој стил, заменувајќи го својот зет Крис Прат со неговиот актерски колега Крис Еванс.

Ѕвездата на „Терминатор“ е татко на сопругата на Прат, Катерина, а минатата недела успеа да направи нешто смешно со тоа што се приклучи на неговата хуманитарна акција преку Инстаграм.

„Здраво, Крис… Еванс. Не Крис Еванс, извинете. Ја зезнав целата оваа работа од самиот почеток. Крис Прат“, рече Шварценегер смеејќи се.

„Се извинувам поради тоа. Би требало да го знам твоето име. Ти си мојот омилен зет“.

Ѕвездата од филмовите на Марвел тогаш рече:

„Јас сум твој единствен зет, и подобро за тебе да сум ти омилен.

Слични содржини