Шведска бара од ЕУ да го забрани ископувањето биткоин

од Vladimir Zorba

Генералните директори на Управата за финансиски надзор и Шведската агенција за заштита на животната средина ги повикаа и ЕУ, и шведската влада, да забранат екстракција (копање) на криптовалути.

Откако Кина ги забрани биткоините, оние кои сакаат брзо да се збогатат бараат други места во светот за да „копаат“ електронски пари. Евтината хидроенергија ги прави скандинавските региони привлечни, при што само Шведска минатата година користеше 1 TW/h хидроенергија. Но, владата верува дека оваа енергија може да се користи за други цели, наместо да се троши на криптовалути.

Во отвореното писмо до ЕУ, Ерик Тендин, извршен директор на Finansinspektionen и Бјорн Ризигер, извршен директор на Naturvårdsverket – Управата за финансиски надзор и Агенцијата за заштита на животната средина, соодветно – ги повикаа ЕУ и шведската влада да забранат енергетско интензивно ископување криптовалути. и законски да го спречат секој, што го прави тоа, да се нарекува еколошки, објави The Register.

Згора на тоа, во многу случаи, овие криптовалути, освен за трошење електрична енергија, се користат и за помалку легални цели, како што се перење пари или трансфер на пари од нелегални бизниси. Ова е дополнителна причина шведските власти да побараат забрана за ископување криптовалути.

Слични содржини