Шведска болница ги повика лекарите да не ставаат на респиратори постари од 80 години?

од Vladimir Zorba

Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави статија во која се тврди дека универзитетската болница Каролинска им укажала на лекарите во случај да има недостиг на простор поради пациенти со KОВИД-19, тие да утврдат кој ќе добива интензивна нега, а кој не.

Во документот се наведува дека на луѓе над 80 години, како и на оние помлади од 60 до 70 години, на кои им затаил еден од органите, не им е потребна интензивна медицинска помош.

Исто така, се наведува дека пациентите кои веќе се на интензивна нега треба да прекинат со интензивна нега, доколку припаѓаат на една од горенаведените категории.

Слични содржини