Шведска, Финска и Турција се договорија за понатамошни разговори за членство во НАТО

од Vladimir Zorba

Главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром изјави дека Турција потврдила дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори за исполнување на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за влез во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби.

„Видовме дека Турција препозна дека Шведска и Финска презедоа конкретни чекори во овој договор, што е добар знак“, рече Стенстром на прес-конференција во седиштето на НАТО, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека трите земји ќе одржат нови средби, но не прецизираше датум.

Слични содржини