Шведска ги заострува правилата за постојано вселување

од Vladimir Zorba

Шведска денес претстави закон со кој се заоструваат правилата за постојано вселување во земјата, а за трајни се прогласуваат привремени мерки, воведени за ограничување на приемот на бегалци за време на мигрантската криза во 2015 година, пренесе AFP.

Законскиот план на социјалдемократската влада, обединета со Зелените, треба да го замени привремениот закон што важи од 2016 година, а беше продолжен во 2019 година, бидејќи немаше консензус за постојан закон.

Според новиот план, бегалците би добиле тригодишна дозвола за престој што може да стане дозвола за постојан престој само доколку исполнуваат одредени услови, како што се познавање на шведски јазик и задоволителен приход.

Во однос на бројот на жители, Шведска е земја на Европската унија која прифати најмногу бегалци во 2015 година, повеќе од 160.000, меѓу кои има и бројни Сиријци.

За 10 години земјата, со околу 10,3 милиони жители, обезбеди азил и овозможи повторно обединување на семејства за 400.000 луѓе, според податоците од имиграционите центри.

Со новиот план, Шведска веќе не е мамка за барателите на азил како што беше во 2014 и 2015 година, рече министерот за миграција, Морган Јохансон, наведувајќи дека клучните правила на новите регулативи се усогласени со регулативите во повеќето други членки на ЕУ.

Новиот закон, меѓу другото, предвидува и обврска за обезбедување на потребите на членовите на семејството при поднесување на барања за повторно обединување на семејството, што беше воведено со привремен закон, ограничен до летото оваа година.

Новиот закон, откако ќе биде изгласан од парламентот, се очекува да стапи на сила во јули, според АФП.

loading...

Слични содржини