Шведска и Финска денеска поднесуваат апликации за членство во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска и Финска денеска ќе поднесат барања за членство во НАТО, најави шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот процес и заедно ќе го поднесеме барањето утре“, рече Андерсон на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинист во Стокхолм, пренесува „Ројтерс“.

Финскиот парламент во вторникот го одобри предлогот Финска да поднесе барање за членство во НАТО, изјави претседателот на парламентот Мати Ванханен, додека шведската министерка за надворешни работи Ен Линде во вторник наутро потпиша барање за членство во НАТО.

Слични содржини