Шведска и Финска одбија да екстрадираат 33 лица кои ги бара Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска и Финска не ја одобрија репатријацијата на 33 лица побарани од Турција поради наводни врски со групи кои ги смета за терористи, објавија денеска државните медиуми во моментот кога Анкара се противи на влезот на двете земји во НАТО.

Турција соопшти дека луѓето што ги бара имале врски со екстремистите на Курдистанската работничка партија (ПКК) или со муслиманскиот свештеник Фетулан Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година, објави „Ројтерс“.

Двете нордиски земји одбиле 19 барања, а пет оставиле неодговорени, јави ТРТ Абер, повикувајќи се на Министерството за правда и додавајќи дека девет барања се уште се во фаза на оценување.

Слични содржини