Шведска испраќа делегација во Анкара за да разговара за членството во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска ќе испрати делегација на дипломати во Турција за да разговараат за одлуката на скандинавската земја да поднесе барање за членство во НАТО.

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде потврди дека делегацијата наскоро ќе ја посети Анкара.

Осврнувајќи се на реакцијата на Москва на барањето на Шведска за членство во НАТО, Линде рече дека Русија ширела кампањи за дезинформации дека Швеѓаните се нацисти.

Шведската владејачка Социјалдемократска партија во неделата одлучи земјата да аплицира за членство во НАТО.

Премиерката Магдалена Андерсон рече дека тоа ќе биде најдобрата одлука за безбедноста на Шведска.

Во објава на Твитер, Линде го опиша потегот на нејзината партија како „историска одлука“.

„Денеска, Социјалдемократската партија на Шведска донесе историска одлука да каже дека поднесува барање за членство во одбранбената алијанса на НАТО. Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната ситуација за Шведска и Европа како целина“, рече Линде.

Откако за ова прашање ќе се расправа во парламентот во понеделник, Шведска и Финска се очекува заеднички да аплицираат за членство во НАТО најдоцна до среда.

Шведска не успеа да постигне договор со Турција на неделните разговори за очекуваната апликација на скандинавската земја за членство во НАТО, но најавено е дека ќе ги продолжи преговорите.

Слични содржини