Шведска му кажа „не“ на карантинот : Дали се коцкаат со здравјето или сите останати земји претеруваат?

од Nikola Popovski

Додека голем дел од Европа наметнува вонредни ограничувања за да го забави ширењето на коронавирусот, Шведска ги остави своите граѓани да уживаат во слободата. Дали Швеѓаните се коцкаат со своето здравје или сите други претеруваат со мерките?

Во време кога голем дел од Европа презема чекори за да го забави ширењето на Ковид-19, една земја го игнорира трендот. Имено, Шведска зазема многу полиберален пристап во борбата против вирусот. И покрај тоа што нејзините соседи, Данска и Норвешка, затвораат сè, освен основните услуги, Швеѓаните сè уште се слободни да се дружат. Иако универзитетите и средните училишта се затворени, предучилишните установи, градинките, баровите, рестораните, ски-центрите, спортските клубови и фризерските салони остануваат отворени, пренесува РТ.

Улиците на Стокхолм и Малме се значително потивки од вообичаеното, но позитивно „живописно“ во споредба со улиците на Копенхаген, Осло, Лондон, Париз и Рим. Забрането е стоење во баровите, но се додека можете да најдете место за седење, можете слободно да уживате во ноќното излегување. Другите мерки вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 50 лица на едно место, а од оние над 70 години се бара да се самоизолираат.

Со исклучок на Белорусија, која ниту ја прекина фудбалската лига, ограничувањата во Шведска се најопуштени. Ова ги наведе набљудувачите во земјата и надвор од неа да се запрашаат – дали Швеѓаните си играат со здравјето на нацијата или заземаат најпропорционален одговор на Западот? Премиерот Стефан Лофвен предупреди дека претстојните времиња ќе бидат тешки, но дека сите Швеѓани индивидуално ќе треба да преземат одговорност. „Не можеме да регулираме и забраниме сè“, рече тој.

Најновите бројки во Шведска покажуваат скоро 3.500 заразени пациенти и 105 смртни случаи. Нивниот државен епидемиолог, Андерс Тенгел за „Обсервер“ изјавил: „Сè додека епидемијата во Шведска останува на ова ниво, не гледам голема причина да преземете дејствија што може да ги одржите само на мало ограничено време“.

Овој потег на Шведска им овозможи на бизнисите да останат отворени, со што се намалуваат влијанието врз економијата на земјата. Овој пристап е широко прифатен од јавноста, кои сметаат дека тоа е далеку поразбирлив тек на дејствување отколку драконските чекори преземени во други земји. Исто така, ја става земјата во подобра позиција брзо да се врати во полн капацитет, откако ќе заврши пандемијата. Владата на Лофвен се чини дека е помалку склона да се смета за Владата, која само „прави нешто“, споредено со многу други на Западот. Швеѓаните не бараа државата да ја ограничи слободата како што се прави во многу други земји.

Меѓутоа, ако пандемијата излезе смртоносна како што беше предвидено, но не толку во Шведска како во другите земји, владата не може да биде обвинета дека не сторила ништо, но сепак би била во економски постабилна позиција. Единствената ситуација што би ја оставила шведската влада навистина отворена за критики би била доколку стапката на смртност во Шведска, ја надминува онаа во другите земји, но засега се чини дека има мали индикации дека тоа би можело да се случи, пишува РТ.

Слични содржини