Шведска: Трет ден по ред повеќе од 1.000 новозаразени

од Vladimir Zorba

Денес, трет ден по ред, во Шведска е забележано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусoт, објави Шведската агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел, на вчерашната прес-конференција изјави дека има зголемен број случаи, претежно на западот на Шведска и кај помладата популација, објави британскиот весник „Гардијан“.

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи е 43.939.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денес се пријавени 77 смртни случаи, од кои сите не починале во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на одложувањето на податоците од локалните области.

Стапката на смртност е многу помала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.

Шведскиот пристап кон вирусот е опишан како „лесен допир“, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортски сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста едноставно беше замолено да ги избегне сите патувања што не беа потребни.

Слични содржини