Шведската амбасада во Сараево: Скопје пример за намалување на загадениот воздух

од Vladimir Zorba

Шведската амбасада во Сараево ги посочува мерките на македонската влада како пример, како треба да се постапи во намалувањето на аерозагадувањето.

„Како Скопје успеа да го подобри квалитетот на воздухот? Последниве години граѓаните почнаа да ги поттикнуваат политичарите да воведуваат мерки за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тоа се случи! Владата на Северна Македонија подготви двегодишна програма, со цел намалување на загадувањето на воздухот до крајот на 2020 година во Скопје за 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто. Заменети се мониторинг станиците, зголемен е бројот на вработените во инспекторатот за животна средина, намален е Данокот на додадена вредност (ДДВ) за греење, приклучени се домаќинстава на загревање со гас, забранета е продажба на јаглен за греење, исчистени се депонии, воведени се построги контроли во градежништвото и направена е промена во јавниот превоз. Може ли ова да биде решение и за Сараево, Тузла и другите градови во БиХ?“, пишуваат од Амбасадата

Шведската амбасада посочува и линк од мерките на Македонската влада.

Слични содржини