Шведската полиција: Нападот во Ветланд е чин на тероризам

од Nikola Popovski

Најмалку осум лица се повредени во нападот со нож во Шведска, јавуваат агенциите, повикувајќи се на полицијата. Инцидентот се случил во јужниот град од земјата Ветланд. Како што се наведува, состојбата на две жртви се оценува како тешка. Полицијата се огласила и го дефинирала случајот како терористички напад.

Дваесетгодишен маж вооружен со ладно оружје ранил осум лица во градот Ветланд во Шведска.

Напаѓачот, според извештаите на медиумите, бил пренесен во болница откако полицаец го ранил во ногата. Локалните медиуми го опишуваат како човек на дваесетина години.

 

Слични содржини