„Шведскиот модел“ доведе до смрт на над 4.000 луѓе

од Vladimir Zorba

Во Шведска се регистрирани вкупно 4.029 смртни случаи од коронавирус, соопшти денеска портпаролот на Националната агенција за јавно здравје.

Најновото зголемување на бројот на смртни случаи дојде откако студијата спроведена од главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел откри минатата недела дека 7,3 проценти од жителите на Стокхолм развиле антитела потребни за борба против коронавирусот, објави Си-Ен-Ен.

Резултатите од студијата, спроведена за да се утврди потенцијалниот колективен имунитет на шведското население, беа малку пониски од очекуваните, посочи Тегнел.

Агенцијата за јавно здравје соопшти дека планира да ги објави резултатите од другите региони, што ќе помогне да се добие појасна слика за нивото на колективен имунитет на шведското население.

За разлика од своите скандинавски соседи, Шведска одлучи да не наметне задолжителни рестриктивни мерки што ќе им овозможат на деловните субјекти и училиштата да останат отворени и покрај избувнувањето на Ковид 19 во земјата.

Слични содржини