Шведските фудбалери ја откажаа турнејата во Катар поради 6.500 загинати работници

од Vladimir Zorba

Фудбалската репрезентација на Шведска ја откажа зимската турнеја во Катар поради условите за работа на печалбарите во објекти поврзани со Светското првенство.

По разговорите со претставниците на клубовите, „јасно е дека постои консензус против организирање на оваа турнеја во Катар“, рече генералниот секретар на Федерацијата Хакан Сјостранд во изјавата.

„Ќе видиме дали ќе најдеме алтернатива. Она што е сигурно е дека нема да патуваме во Катар во јануари“, додаде тој.

Меѓународните невладини организации постојано го осудуваат Катар за условите во кои работат неколку стотици илјади работници мигранти.

Според најновиот извештај на Амнести интернешенел, катарските власти не успеале да ја истражат смртта на неколку илјади работници, поврзана со изградба на објекти за Светското првенство во таа земја.

Во февруари, Катар ги негираше тврдењата на „Гардијан“ дека 6.500 работници загинале во таа земја од доделувањето на Светското првенство. Сепак, официјалните претставници на Доха одбиваат да го откријат точниот број на жртви.

Слични содржини