Швеѓаните ги победија Французите за пласман во финалето на СП

од Nikola Popovski

Ракометарите на Шведска се првите финалисти на Светското првенство во Египет, бидејќи ја совладаа репрезентацијата на Франција со 32:26 (16:13).

Хампус Ване го предводеше четирикратниот светски шампион со 11 голови, Даниел Петерсон даде шест, Џонатан Карлбогард четири, додека голманот Паличка имаше 12 одбрани и го презеде епитетот играч на натпреварот.

Кај Французинот најефикасен беше Уго Дескат со пет погодоци, Ремили постигна четири, а голманите имаа само пет одбрани.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и бранителот на титулата Данска.

Слични содржини