Швимер открива: „Пријатели“ дефинитивно ќе се снима во април

од Vladimir Zorba

Дејвид Швимер, кој го играше Рос Гелер во култната серија „Пријатели“, во емисијата на Енди Коен откри дека снимањето започнува во април, точно по една година кога за првпат беше објавено дека ќе се собере тимот од споменатата серија.

„Всушност, за нешто повеќе од еден месец, одам во Лос Анџелес, каде што започнува снимањето. Конечно најдовме начин за безбедно снимање и ќе има делови што ќе ги снимаме надвор поради безбедносните протоколи“, рече Дејвид.

За време на интервјуто, Дејвид откри и дека Елен Деџенерис нема да го претстави собирот, и покрај претходните најави дека ќе гостува кај неа.

„Не е Елен, не е Били Кристал. Можам да објавам само кај кого нема да го објавиме собирот“, рече тој.

Специјална епизода требаше да започне да се снима во август 2020 година, но поради пандемијата сè беше одложено.

Собирот ги вклучува оригиналните актери: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лабланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Слични содржини