Шврговски за пресудите во „Трезор“: Убеден сум дека правдата ќе ја истераме пред Апелацискиот суд

од Nikola Popovski

За Љупчо Шврговски, адвокат на првообвинетиот во случајот „Трезор“, Сашо Мијалков, денес е разочарувачки ден за правдата, поради изречените пресуди.

„Основниот кривичен суд изнесе тези и невистини. Не не удостои со одговор, каква повреда на правото направил Сашо Мијалков. Судот ја доведе во заблуда и јавноста со фактот дека мојот клиент бил во Лондон и дека поседувал авионски карти. Повторувам тој бил во англискиот главен град, но таму не остварил никаква средба со претставниците компанија „Гама Интернешнл“. Исто така, Судот денес направи правен преседан, каде се стави во улога на економски вештак“, рече Швговски, додавајќи дека правдата ќе ја бараат и убеден е дека ќе ја истераат пред Апелацискиот суд.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Трезор“ доби единствена казна затвор во времетраење од 8 години. Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски доби 5-годишна затворска казна, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ исто така доби казна затвор од 5 години, а поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски, за кого се чека одлуката од Грција за екстрадиција, заработи казна затвор од 15 години.

Сите овие лица се обвинети за злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

loading...

Слични содржини