„СИ ЏИНПИНГ Е БРУТАЛЕН ДИКТАТОР“: Кина ја избриша целата содржина на Селтикс поради коментари на Кантер

од Vladimir Zorba

Турскиот кошаркар и член на Бостон, Енес Кантер објави триминутно видео на социјалните мрежи во кое ја критикува Кина за кршење на човековите права на Тибет и го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг брутален диктатор.

По оваа објава на Кантер, кинескиот оператор ја избриша целата содржина на Селтикс од својата веб-страница и апликација.

Досега Кинезите одлучија да цензурираат само еден клуб, откако минатата година целосно ги затворија сите содржини поврзани со НБА по сличен инцидент, кога тогашниот генерален менаџер на Хјустон, Дерил Мори, испрати порака за поддршка до Хонг Конг на социјалните мрежи.

Како резултат на тоа, НБА изгуби стотици милиони долари од својот најсилен меѓународен пазар.

Слични содржини