СИ ЏИПИНГ ДОБИ ОДГОВОР ОД ТАЈВАН: Се закани со сила, еве што му одговорија од островот

од Vladimir Zorba

ТАЈВАН нема да се откаже од својот суверенитет, ниту ќе прави компромиси за прашањето за слободата и демократијата, бидејќи неговиот народ јасно се спротивставува на идејата на Пекинг за „една земја, два системи“ како решение за Тајван, објави претседателскиот кабинет во Тајпеј, објави Ројтерс.

Изјавата од кабинетот на претседателот Цаи Инг-вен дојде набргу откако кинескиот претседател Си Џинпинг на Конгресот на Комунистичката партија на Кина рече дека на кинескиот народ е да одлучи за прашањето на Тајван и дека Пекинг никогаш нема да се откаже од можноста за решавање на проблемот со сила ако е потребно.

„Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот е заедничка одговорност на двете страни и средбата на бојното поле не е опција“, рекоа од Тајпеј.

Слични содржини