Си-Ен-Ен објави ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од болница во Индија

од Stefanija Kuzmanovska

Сцените од индиската болница во Утар Прадеш, која ја посети Си-Ен-Ен, се застрашувачки. На ова ковид одделение, каде има само 55 легла, пет лекари се борат за повеќе од сто пациенти.

Инаку, Индија се бори со еден од најразорните ковид удари на планетата – минатата недела, половина од сите случаи на планетата беа регистрирани во Индија. Само вчера, тие имаа повеќе од 414 илјади новозаболени, а скоро четири илјади луѓе починаа за 24 часа.

Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео од оваа репортажа на Фејсбук.

Слични содржини