Си ја отсече косата во Европскиот парламент во знак на солидарност со Иранките (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Шведската европратеничка Абир Ал-Сахлани, која е родена во Ирак, си ја отсече косата на говорницата на Европскиот парламент во знак на солидарност со антивладините демонстрации во Иран, кои беа предизвикани откако Махса Амини (22) почина во полициски притвор.

„Сѐ додека Иран не се ослободи, нашиот гнев ќе биде посилен од гневот на оние кои вршат репресија. Се додека Иранките не се слободни, ние ќе бидеме со вас“, рече Сахани пред претседателот на парламентот во Стразбур, пренесуваат медиумите.

Потоа зела ножици, на курдски јазик изјавила „жена, живот, слобода“ и ја отсекла косата врзана во опавче.

Познати француски актерки, меѓу кои и Жулиет Бинош и Изабел Ипер, исто така си ја отсекоа косата во знак на протест поради смртта на Амини, која беше уапсена во Техеран на 13 септември поради носење „несоодветна облека“.

Иранските верски лидери се соочија со протести низ целата земја по нејзината смрт, а демонстрации се одржаа и во Лондон, Париз, Рим и Мадрид во знак на солидарност со иранските демонстранти.

Слични содржини