Си: Кина нема да наметнува превласт

од Milan1

Кинескиот претседател Си Џинпинг им порача на лидерите на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) дека Пекинг нема да ги принудува своите помали регионални соседи на ништо, објавија кинеските државни медиуми.

Виртуелниот самит Кина-АСЕАН, кој се одржува во чест на 30-годишниот дијалог, треба да помогне во воспоставувањето регионален мир, стабилност и развој, рече Си.

Тој додаде дека Кина никогаш нема да бара хегемонија, ниту би ја искористила својата големина за да ги „заплаши” помалите земји, туку напротив, сака да работи со АСЕАН за отстранување на „пречки во комуникацијата”.

Самитот почна без претставник од Мјанмар, тврдат два извори. Причината за неговото отсуство не е позната, а портпаролот на воената хунта во Мјанмар не сакаше да објасни зошто.

Водачот на воената хунта на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, кој е во крвава пресметка со оние кои не се согласуваат со него откако ја презеде власта од цивилната влада на Мјанмар на 1 февруари, беше исклучен од еден регионален самит во октомври.

Слични содржини