Си пуштаат прикаски дека Бранко Црвенковски се враќа за името во СДСМ

од desk4

  СДСМ и Владата се единствени во ставот за решавање за името. И поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски како и  мојата партија е за НАТО и ЕУ и за наоѓање решенија, рече премиеорт Зоран Заев , одговарајќи на прашањето дали се точни тврдењата дека Бранко Црвенковски се вклучува во решавањето на спорто за името и дека се враќа во СДСМ .

Неговото вклучување во процесот  и враќање на Бранко Црвенковски ,мислам дека се чисти шпекулации рече премиерот Зоран Заев на вечерашната дебата во „Топ тема“. Што се однесува за поддршката на партијата,   околу разговорите за името потенцира Заев,  ние имавме проширен состав на Централниот одбор на партијата, ги разложивме сте аспекти и имам целосна поддршка да изнајдеме решение и немаме никакви дилеми дека решение мора да има за исполнување на стратешката цел-  членство во ЕУ и НАТО.

За себе кажа  дека секогаш јавно го кажува својот став, а тоа ќе го стори и пред евентуалниот референдум ако се дефинира решение.  Тоа го очекува и од другите.

– Ова е историска шанса. Македонија треба да ја ставиме на автопатот, да тргне, да оди напред, да ја впишеме во катастрот на нормални земји, подвлече Заев и повтори дека без решавање на прашањето за името нема перспектива во евроинтерациските процеси.

Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia) за севкупна употреба и македонски (Macedonian) јазик

Слични содржини