СИА ПОСВОИЛА ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ! Ги обожава, а еве како го поминуваат своето време во карантин!

од Vladimir Zorba

Пејачката Сиа во едно шоу откри дека посвоила две момчиња пред една година, кои во тоа време биле на осумнаесет. Имено, тинејџерите тогаш ја надминале старосната граница на децата, за кои се гриже социјалната служба, а таа со задоволство „ги зела под свое“.

Младите сега имаат деветнаесет години, а своето време го поминуваат во карантин учејќи.

„Јас посвоив два сина минатата година. Тогаш беа двајцата 18 години. Сега тие се 19 години и многу ги сакам“, рече таа на едно шоу на Интернет каде беше гостин, истакнувајќи дека на еден од двајцата му било доста тешко да се навикне да седи во куќата заради пандемијата.

„Обајцата прават работи за кои се добри за време на карантинот, и двајцата учат“, продолжи таа, која се раздели со Ерик Ланг во 2016 година по две години брак, а со него немаше деца.

Слични содржини