Сихофер: Постои голема опасност од десничарскиот екстремизам во Германија

од Nikola Popovski

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сихофер изјави дека злосторството во Ханау е терористички напад со јасни расистички мотиви.

Тој рече дека тоа е трет десничарско-терористички напад за само неколку месеци, пренесува Танјуг.

„Опасноста од десничарскиот екстремизам, антисемитизам и расизам е многу голема во Германија“, истакна Сихофер.

Тој најави нови мерки за заштита на населението од злосторствата, предизвикани од омраза.

Сихофер најави зголемено присуство на полицијата пред џамиите по нападот врз наргиле-баровите во Ханау.

Слични содржини