Сијарто: Ако ни останат вакцини, ќе ѝ дадеме на Црна Гора

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, го известил својот унгарски колега дека вакцинацијата против коронавирус не е започната во Црна Гора и дека во овој момент поддршката на Унгарија за набавка на вакцини ќе биде исклучително важна.

Петер Сијарто, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, понудил можност за испорака на одреден број вакцини против коронавирус во Црна Гора со нивните авиони, објави Министерството.

Како што известуваат, министерот Ѓорѓе Радуловиќ разговарал по телефон со Сијарто.

„Соговорниците разменија мислења и за епидемиолошката состојба и, во таа насока, разговараа за опциите за набавка и дистрибуција на вакцини“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Исто така, се наведува дека Радуловиќ го известил својот унгарски колега дека вакцинирањето не започнало во Црна Гора и дека, според тоа, во овој момент поддршката на Унгарија за набавка на одредени дози на вакцини ќе биде исклучително важна.

„Шефот на дипломатијата на Унгарија рече дека преговараат со други производители и дека, ако им остане доволен број вакцини, тие ќе насочат дел кон нивната земја“, се вели во соопштението.

Слични содржини