Сијарто повтори: Западен Балкан во ЕУ е во интерес на Унгарија

од Vladimir Zorba

Унгарија смета дека европската интеграција на Западен Балкан е нејзин стратешки интерес, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.

„Мирот и напредокот на Западен Балкан се во интерес на Унгарија. Ако се случи спротивното, тоа е лошо за Унгарија. Што и да се случи во регионот, ќе има непосредно влијание врз Унгарија“, рече Сијарто по средбата со министерката за надворешни работи на Приштина, Мелиса Харадинај Стубла.

Сијарто додаде дека Унгарија ќе го испрати својот трет по големина контингент во мисијата КФОР на Косово и додаде дека командантот од Унгарија ќе биде шеф на таа мисија од ноември следната година.

Слични содржини