Силен дожд и грмежи во моментов во Македонија – страшно невреме ги зафати Хрватска и Црна Гора

од Берта Китинска

Како што беше најавено, во денешната временска прогноза започна да врне силен дожд проследен со грмотевици во земјава.Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.

И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.

-Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

-Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.

Силно невреме го зафати поголемиот дел од Црна Гора и Хрватска.

Обилните дождови пропратени со силен ветер ги поплави улиците во Подгорица.Невремето започнало на полноќ, а голема количина на дожд падна до раните утрински часови.Силниот ветер искрши дрвја и гранки, носеше и ѓубре низ улиците, јавуваат медиумите од Подгорица.

Хрватските медиуми. јавија дека дека силното невреме кај нив предизвика големи штети.

Оштетени се покриви од куќи, автомобили, патокази, дрвја, силниот ветер предизвикал и спој на електрични инсталации. На терен интервенирале и пожарникари.Наврнале 17 литри дожд на метар квадратен, а регистриран е налет на ветар и од 49 километри на час.

Слични содржини