Силен дожд предизвика лизгање на земјиштето во Техеран – загинаа 4 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени при лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи во Техеран денеска, јави иранската државна телевизија.

Силниот дожд доведе до поројни поплави, а потоа и лизгање на земјиштето во северозападниот дел на Техеран и го оштети верскиот храм во тој град, пренесува АП.

Како што додава иранската телевизија, можно е да има луѓе затрупани под калта.

Спасувачките екипи се на терен.

Слични содржини