Силен ветер, град и ПОПЛАВИ: На Балканот летово му се закануваат многу временски неприлики

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на летните месеци балканското подрачје ќе се соочи со ризик од ненадејни поплави, додека летните температури ќе доаѓаат побавно, велат синоптичарите на „Аку Ведер“.

Во текот на јуни, јули и август температурите ќе бидат околу просекот за тој период од годината во Источна Европа, а на север, односно во Скандинавија, Велика Британија и Ирска, се очекува потопло лето од просекот.

Годинава не треба да очекуваме големи топлотни бранови како минатите години, но ќе има периоди на големи горештини.

И ова лето може да се очекуваат суши, пожари и невреме.

Областа каде што се очекуваат малку посериозни временски услови во однос на остатокот од Европа е зоната од северна Франција до Германија, Полска до балканските држави.

Таа област е изложена на најголем ризик од тешки временски услови, невреме, силен ветер и град. Постои и ризик од ненадејни поплави на Балканот.

Во текот на летото, температурите во регионот треба да бидат просечни за тој период од годината или малку над просекот.

Во исто време, потопло лето се очекува во Скандинавија, Велика Британија и Ирска, со помалку врнежи, што ќе го зголеми ризикот од пожари во скандинавските земји.

Една од карактеристиките на ова лето ќе биде влажната струја од Атлантскиот Океан и облаците кои можат да делуваат како покривки, а ноќните температури би можеле да бидат повисоки од просечните, што ќе влијае на квалитетот на сонот и ќе го зголеми ризикот од здравствени проблеми.

Слични содржини