Прелиминарните резултати од изборите за градски совет во Москва покажуваат дека кандидатите поддржани од лидерот на руската опозиција Алексеј Навални освоиле скоро половина од гласовите , пренесува Асошиејтед Прес.

 

Со 99 проценти од пребројувањето на гласовите, 20 кандидати, поддржани од Навални, добиваат места на градскиот совет во Москва со 45 места . Кандидатите поддржани од владата досега контролираа 38 места во општинскиот совет на руската престолнина, што е сериозен удар за владејачката партија „ Обединета Русија “ . Вкупно 26 кандидати се регистрирани како независни кандидати.

  Изборите за локалниот парламент во Москва го привлекоа вниманието на земјата, откако на десетина независни кандидати не им  беа дозволено учество  на изборите, предизвикувајќи бран анти-владини протести во текот на летото.

Откако на изборите не им беше дозволено на кандидатите од опозицијата, Навални ги повика своите приврзаници да гласаат за список на кандидати кои не се поврзани со Обединетите Русија.

Излезноста  на изборите во Москва беше 21,77 отсто . Активноста беше за половина процент поголема отколку на претходните слични избори.