Силен земјотрес ја погоди БиХ, се почувствува во Црна Гора и Хрватска

од Vladimir Zorba

Силен земјотрес ги потресе вечерва граѓаните на БиХ.

Епицентарот на земјотресот е на пет километри од Столац. Според првите податоци, се работи за земјотрес од 4,5 степени по Рихтер.

Земјотресот, исто така, се почувствувал во Сараево, Зеница, Јабланица, Мостар, пријавија читателите на Н1 Сараево.

Засега, нема информации за можни штети.

Земјотресот се почувствувал и во Црна Гора и Хрватска.

Жител на Метковиќ пишува дека неговиот стан на приземјето на зградата „добро се затресол“.

Слични содржини