Силен земјотрес ја погоди Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Евија, а беше почувствуван низ регионот на Атика и во Атина, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри северозападно од градот Халкида на длабочина од 13,2 километри, пренесува „Екатимерини“.

Засега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета.

Слични содржини