Силен земјотрес ја погоди Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, пишува EMSC.

Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, а епицентарот бил во морето на длабочина од десет километри, на 192 километри од Измир.

Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, но и на некои грчки острови.

Засега нема информации за штети и жртви.

Слични содржини