Силен земјотрес го пододи Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југоисточниот дел на Тајван, но нема извештаи за штети или прекин на електричната енергија.

Земјотресот бил на длабочина од 7,3 километри со епицентар во округот Тајтунг, ретко населен дел од островот, соопшти тајванското метеоролошки биро.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар и дека земјотресот бил со јачина од 6,5 степени.

Слични содржини