Силен земјотрес го погоди Иран, повредени најмалку 276 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Иран во средата, а државната телевизија и медицинските власти во областа соопштија дека најмалку 276 лица се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Ховија во провинцијата Западен Азербејџан. Итната медицинска помош во Ховија соопшти дека „досега се повредени 276 лица, од кои 68 се хоспитализирани поради помали скршеници“.

Земјотресот се случил на околу 12 километри од Ховија, на длабочина од 10 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се случил во близина на ерменско-азербејџанско-иранската граница.

Слични содржини