Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд: Издадено предупредување за цунами (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Нов Зеланд, соопшти Сеизмолошкиот сојуз на САД и е издадено предупредување за цунами.

Цунами бранови може да се формираат на 270 километри од епицентарот на земјотресот, објави Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Првите снимки од земјотресот во Нов Зеланд се појавија на социјалните мрежи.

Ен-Би-Си Њуз известува дека епицентарот на земјотресот е северо-источно од Нов Зеланд (источно од Окланд), а властите на островската земја ги предупредија граѓаните што живеат во близина на брегот што побрзо да се искачат на блиските ридови.

Слични содржини