Силен земјотрес го погоди Пакистан: Десетици загинати, стотици повредени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најмалку 20 лица загинаа, а 300 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Пакистан, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на официјални лица.

Земјотресот, со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во југозападната провинција Белучистан на длабочина од 20,8 километри.

Пакистанските власти соопштија дека многу луѓе загинале при уривање на дотраени згради, вклучувајќи жени и деца.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде уште поголем.

Земјотресот погоди неколку градови ширум провинцијата.

Повеќе од 100 куќи се урнаа, а голем број згради беа оштетени, при што стотици останале без покрив над главата.

 

 

Слични содржини