Силен земјотрес го потресе Крит

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит.

Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува „Екатимерини“.

Во септември 2021 година, Аркалохори беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, во кој загина едно лице, а беа оштетени неколку куќи.

Слични содржини