Силен земјотрес ја погоди Куба, жителите се евакуирани

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја стресе западна Куба, каде се евакуираат станбени згради, соопштија тамошните власти, додавајќи дека нема жртви и не е направена материјална штета.

„Имаше забележителен земјотрес на западот од Куба … Луѓето во високи згради излегоа поради заштита“, информирале од кубанската цивилна одбрана.

Земјотресот се почувствувал и во делови на Хавана.

Американскиот институт за геофизика (USGS) објави дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени на длабочина од десет километри со епицентар во близина на местото Канделарија, околу 70 километри западно од Хавана.

Националниот центар за сеизмологија изјави дека ова е четврти земјотрес во Куба од почетокот на годинава.

Слични содржини