Силен земјотрес од 6,8 степени според Рихтер во Турција, има жртви! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Силен земјотрес од 6,8 степени според Рихтер го погоди истокот на Турција, а притоа загинале најмалку четири лица. Епицентарот е лоциран околу 210 километри североисточно од Газијантеп, на длабочина од 2 километри.

Најтешко е погодена провинцијата Елазиг, а потресот се почуствувал и во Ирак, Сирија, Израел и Либан.

На истокот на земјата уништени се околу 5 објекти. Многу граѓани во паника истрчале на улиците.

По првиот земјотрес се почуствувале и два послаби од 5,4 и 3,3 степени според Рихтер.

 

 

Слични содржини