Силен земјотрес во Јапонија: Најмалку три лица се повредени

од Vladimir Zorba

Три лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди североистокот на Јапонија рано утрово.

Според агенцијата Кјодо, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак е пријавена голема материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан крај брегот на префектурата Ивата на длабочина од 56 километри, а се почуствувал и во префектурата Аомори.

Јапонска енергетска компанија соопшти дека нема оштетувања на нуклеарните капацитети во таа област.

Слични содржини