Силјановска: Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за републиката

од Берта Китинска

Закон кој легализира дивоградби, е директен атак врз моменталното урбанистичко ипросторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно право вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, во својот говор каде објаснува зошто гласаше против  Законот за легализација на дивоградбите .

-Законот е директен атак врз моменталното урбанистичко ипросторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно право.Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за републиката и за локалните власти. Јасна ми е дека има различни ситуации во реалноста и има разлики од еден бесправно изграден објект и друг бесправно изграден објект, знам дека некои граѓани понекогаш од нужда се принудени да пристапат кон вакво нешто, но мислам да се повикуваме на владеење на правото, а да носиме закони за уредување на правен статус на бесправно изградени објекти од правен и етички аспект не е можно. Едноставно не можете да утврдите правен статус и легитимитет на нешто што е бесправно изградено. Не можам да судам за минатите ситуации, но мислам дека треба да собереме сила да ставиме крај на ваквите постапки и закони, вели Силјановска-Давкова.

Слични содржини