Силјановска Давкова: Џафери треба прв да покаже дека е под Уставот и законите

од Nikola Popovski

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, остро го критикуваше однесувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери кој во Европскиот парламент се обрати на албански јазик.

Силјановска посочи дека ставот 2  од истиот Член од Уставот вели дека јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните исто така е службен јазик со неговото писмо, но во истиот член никаде не пишува дека истиот може да се употребува во меѓународните односи.

-Ова значи дека господинот Талат Џафери си го допиша Уставот преку своја лична интерпретација на одредбите за јазикот, истакна Силјановска Давкова.

Таа вели дека оваа како што рече јазична инвенција не само што е незаконска и неуставна и доведува до големи забуни.

-Очекував службите во Собранието да му алармираат на претседателот на Собранието, но очигледно дека тој мисли дека се’ е дозволено, точно е дека ваквите текстови доаѓаат и од Владата, вели Силјановска Давкова.

Таа посочи дека претседателот на Собранието треба прв да покаже дека е под Уставот и законите, а дека и го почитува Деловникот и треба така и да се однесува во меѓународните односи.

Претседателот на македонскиот парламент вчера во Брисел се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Од Владата за „Локално“ велат дека единствениот официјален службен јазик на С.Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик.

Слични содржини