Силјановска-Давкова: Два дена креваме рака за збор, но не добиваме

од Nikola Popovski

Сакам да ве известам дека тукушто го информирав господинот Илхан Ќучук канејќи го на седницата, оној кој што е главен во процесот Жан Моне дека овде се случува Жан Клод Ван Дам процес и дека треба тоа да го види и Медијаст рест. Јас сум една од неколкуте пратенички и пратеници кои два дена креваат рака, барајќи збор но не го добиваат, изјави Гордана Силјановска Давкова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа не може да се стави дневен ред на гласање доколку има пријавени за дискусија и за процедурални забелешки повикувајќи се на членот 29 од деловникот и како што вели таа , пратеникот има право и должност да присуствува на седницата на Собранието и на работните тела и да учествува во работата и одлучувањето.

-Тоа не се однесува само на координаторите бидејќи има 4 координатори, 21 комисија. Што вели членот 121 став 4 од Деловникот? Дека дури и пратеник кој не е член на работата на комисијата, а јас сум заменик член има право да присуствува на седницата на работното тело и да учествува во неговата работа без право на одлучување. Но, како што гледате правото на говор нам ни е оневозможено. Вчера напразно претседателот сакаше да каже дека се завршени процедуралните забелешки и дека преминуваме замислете на амандмани иако воопшто никој, ни министер ни заменикот не не запознале ни со самата содржина на законот, додава таа.

Според Силјановска-Давкова законот воопшто не може да биде донесен со европско знаме, бидејќи по членот 135 од Деловникот, кога предлогот на законот содржи одредби со кои се врчи усогласување со правото на ЕУ, со директиви и регулативи тогаш во воведот се наведуваат и податоците за изворниот акт на ЕУ со полн назив, број и датум.

-Со предлогот на законот се поднесува и изјава за усогласеност потпишана од надлежниот министер и се наведува правниот акт на ЕУ со кој е извршено усогласувањето. Ако ова го нема, Претседателот на Собранието е должен да го врати предлог законот и да побара во рок од 15 дена да се направи согласно одредбите што ги кажав. Но се разбира тимот Талат Џафери и Арбер Адеми функционира поинаку односно го злоупотребува законот.

Слични содржини