Силјановска-Давкова: Не е прв пат да сме затворени во Собранието

од Nikola Popovski

Не е прв пат да сме затворени, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова по вчерашниот настан во Собранието.

-Интерпелацијата не е само за вчерашното однесување, туку за континуираното однесување на Џафери.  Впрочем, ова не е прва интерпеалција и никој не ни верува кога ќе кажеме дека сме поднеле интерпелација и дека завршила во неговата фиока. Не ми е јасен одговорот на кабинетот и нема што кабинетот да комуницира со нас, јасно беше дека вчера претседателот се однесуваше како командант, кажа Силјановска Давкова за Тв Сител.

Таа додаде дека ова не е прв пат да се поднесе интерпелација од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ но, како што рече никој не знае каде завршиле овие интерпелации.

-Никој не знае каде завршиле интерпелациите, рече Силјановска Давкова.

Слични содржини